ЗНМ одговори на соопштението на СДСМ: Медиумите одговараат пред својата публика, а не пред партиите

t

По денешната објава на СДСМ со критичка ретроспектива на уредувачката политика на Инфомакс, ЗНМ смета дека ваквиот пристап не е соодветен за јавна комуникација.

Во демократско општество, улогата на политичките партии не е да квалификуваат или етикетираат медиуми, туку да одговараат на нивните прашања и критики од јавен интерес. Медиумите, без разлика дали некому му се допаѓа нивната уредувачка политика или не, се дел од плурализмот и јавната дебата.

Обидите на било која политичка партија да дели медиуми на „подобни“ и „неподобни“ не придонесуваат кон слобода на изразување, туку создаваат дополнителна поларизација во општеството. Наместо тоа, многу поважно е сите чинители да гарантираат еднакви услови за работа и транспарентност на медиумите и новинарите.

Потсетуваме дека за својата работа новинарите не треба да одговараат пред политичките субјекти. Оценката за медиумите ја дава јавноста, преку следење на нивната конзистентност, професионалност и кредибилитет, при што и самите медиуми имаат обврска доследно да се придржуваат до професионалните стандарди, начелата на новинарска етика и одговорност, градејќи доверба преку точност, проверка на информации и интегритет во известувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран ќе ги користи метро-станиците како засолништа…

Жителите на иранскиот главен град Техеран ќе…

Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…

Канада ќе ги забрза напорите за намалување…

Сириско училиште ги раздели момчињата и девојчињата…

Сириско училиште одлучи да ги раздели момчињата…

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…