Зоран Ристовски е нов директор на МРТ
Зоран Ристовски – Ѓуза е новиот прв човек на јавниот сервис. Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија денеска му даде доверба на Ристовски во наредниот три годишен мандат да ја води медиумската куќа. Ристовски, за кого во јавноста веќе извесен период се шпекулираше дека ќе биде избран, на оваа функција ќе го наследи Марјан Цветковски кој беше на чело на јавниот радиодифузен сервис речиси 14 години, откако во 2012 година беше избран.
За Ристовски на седницата гласале 12 од вкупно 13 членови на Програмскиот совет, а само од еден не добил поддршка. А, на седницата како негови конкуренти што се пријавиле на конкурсот, вкупно седум, биле и Тони Гламчевски, Искра Ребац, Перо Попов, Зоран Богатинов, Сотир Сотировски и Игор Себишки. Извори на „Фокус“ присутни на седницата велат дека неговата програма со повеќе од сто страници поднесена со кандидатирата се издвојувала по квантитет и студиозност во пристапот кон самата позиција за која се претендира. Наспроти, како што велат, друго програми кои била напишани само на некоку странички, некои од нив најверојатно само со користење на вештачка интелигенција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоран Ристовски е нов директор на МРТ
Зоран Ристовски – Ѓуза е новиот прв…
Програмскиот совет на МРТ утре ќе го…
Програмскиот совет на МРТ за утре закажа…
Детски настап со симболи од „голема Албанија“…
Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше…
По 15 години МРТ ќе добие ново…
Распишан е конкурс за избор на директор…
Се огласија од СПМ откако вчера им…
Социјалистичката партија на Македонија се огласи откако…