И брат да му е: Тошковски се пофали дека добил казна од Сејф Сити додека одел на конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

t

Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина.

Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани.

Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност.

Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И брат да му е: Тошковски се…

Утрово, движејќи се со своето приватно возило…

Бела куќа: Претставници на САД и Украина…

Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд…

Жерновски до Мицкоски: Кажи ја вистината за…

Андреј Жерновски на социјалните мрежи реагира на…

Тадиќ: Вучиќ 13 години бега од тв…

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ изјави…

Орбан: ЕУ се дави во корупција

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската…