Жерновски до Мицкоски: Кажи ја вистината за договорот за мигрантските кампови
Андреј Жерновски на социјалните мрежи реагира на написите на дел од британските медиуми дека Македонија се согласила да прима мигранти одбиени од Велика Британија.
Тој, директно му се обраќа на премиерот Христијан Мицкоски непосредно пред почетокот на Конгресот на неговата партија што денеска се одржува во Кавадарци.
„Сега, фрли си го во корпа конгресниот патриотски говор, бидејќи така и така никој веќе не ти верува. Наместо тоа, кажи им ја вистината на твоите делегати за договорот кој си го направил околу мигрантските кампови.
Кога ќе отидеш на говорница, покажи им ја картата на заветна Македонија и објасни им на кои места во нашата држава ќе бидат поставени овие кампови и колку мигранти ќе има во нив.
Соопшти им го на гордите делегати она што вчера го објавија британските медиуми, а тоа е дека за разлика од класичните модели, кај нас мигрантите нема да бидат сместени во затворен тип на центри, туку ќе се движат слободно низ целата држава. Дека ќе можат да поднесат барање за азил во Македонија и да аплицираат за работни визи.
Прекрсти си го конгресниот документ во “ММ 2030” или „Мигрантска Македонија 2030“, во кој ќе пишува дека во наредните 5 години ќе бидеме преполни со криминал, инциденти, судири и немири по нашите села и градови, бидејќи во 2025 еден премиер ПАТРИОТИЗМОТ си го продал за ПАРИ!“ пишува Жерновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…