Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во Швајцарија
Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица кои загинаа во пожарот што избувна на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Le Constellation“ во скијачкиот центар Кран-Монтана, соопштија властите во Вале. Обвинителството потврди дека пожарот е предизвикан од употреба на пиротехнички средства во објектот.
Според досегашните информации, меѓу загинатите има шест италијански државјани, а повеќето од жртвите се млади луѓе, меѓу кои и голем број малолетници. Пожарот избувнал за време на новогодишна прослава, а според истражителите, пожарот се проширил многу брзо низ затворениот простор, создавајќи густ чад и паника кај посетителите.
Полиција објави дека се идентификувани последните 16 жртви, со што е завршен процесот на идентификација на сите починати. Меѓу нив се тројца швајцарски државјани на возраст од 15, 15 и 22 години, 24-годишно девојче со двојно швајцарско-француско државјанство, три италијански државјани на возраст од 15 и 16 години, 22-годишна португалска државјанка, 17-годишна белгиска државјанка, шест француски државјани на возраст од 14 до 33 години и 15-годишно момче со француско, израелско и британско државјанство.

Јавното обвинителство соопшти дека истрагата продолжува за да се утврдат сите околности на трагедијата, вклучително и како била организирана прославата и дали биле почитувани безбедносните прописи на местото на одржување. Трагедијата во Кран-Монтана е една од најсмртоносните несреќи во затворен простор во поновата историја на Швајцарија, а во неколку градови се одржуваат комеморации во спомен на починатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Идентификувани сите 40 жртви од трагедијата во…
Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица…
Марш во чест на жртвите од пожарот…
Стотици ожалостени маршираа во Кран-Монтана во неделата…
Пожар во станбена зграда во Штип, две…
Министерството за внатрешни работи информира дека 02.01.2026…
Измама, киднапирање, подведување: Сопственикот на барот во…
Сопственикот на барот во кој се случи…
119 повредени во пожарот во Швајцарија: Меѓу…
Шефот на полицијата Фредерик Гислер изјави дека…