Пожар во станбена зграда во Штип, две лица повредени
Министерството за внатрешни работи информира дека 02.01.2026 во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај” во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип.
Поради вдишување на чад, неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје за укажување на лекарска помош. Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски: Штип доби нова спортска сала во…
Штип денеска добива нов, современ спортски објект…
Повторно работи филтер-станицата во Штип
Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…