ИДФ сили остануваат распоредени во Либан, тврди израелскиот министер за одбрана
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) кои дејствуваат во јужен Либан немаат ограничувања во елиминирањето на заканите за нивните единици.
Во соопштението, Кац изјави дека „немало и нема ограничувања за војниците на Израелските одбранбени сили во Либан кога станува збор за дејствување за елиминирање на заканите“, додавајќи дека сите воени успеси досега во кампањата во Либан „се одржуваат“, според „Тајмс оф Израел“.
Тој посочи дека израелските сили сè уште се распоредени во безбедносната зона и таму дејствуваат против либанското милитантно движење Хезболах.
„Прекинот на огнот објавен вчера ги остава ИДФ на сите позиции во безбедносната зона што ги штити северните заедници“, рече Кац, додавајќи дека израелските сили „нема да се повлечат од безбедносната зона во Либан“.
Како што вчера објавија израелските медиуми, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Кац издадоа наредба со која ѝ се наредува на израелската војска да прекине со огнот во Либан, но да не се повлече од областите што моментално се под нејзина контрола.
Израелскиот Канал 12 објави, повикувајќи се на извори, дека одлуката за прогласување прекин на огнот во Либан е донесена по „огромен американски притисок“ врз Израел. Во исто време, израелскиот Канал 13, повикувајќи се на дипломатски извор, изјави дека американската порака испратена до Израел содржела барање да се избегне ескалација во Либан со цел да се овозможи продолжување на преговорите во Швајцарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИДФ сили остануваат распоредени во Либан, тврди…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави…
Во Франција се затворени 845 училишта поради…
Вкупно 845 основни и средни училишта ќе…
15-годишно девојче се обидело да се самоубие…
Скопјанец долго време вршел семејство насилство врз…
САД и Иран преговараат во Швајцарија: Тензии…
Во Швајцарија започнаа директни преговори меѓу Соединетите…
Вучевиќ: Немаат аргументи против резултатите, па удираат…
Претседателот на Српската напредна странка (СНС) и…