Изгор цени во маркетите, граѓаните очекуваат допрва поскапувања
Ќе ја плаќа ли народот цената на воениот конфликт? Со зголемувањето на цените на нафтените деривати, државата е на прагот од нов ценовен шок, алармираат експертите и предупредуваат на ново енормно зголемување, иако, како што велат и моменталните цени се превисоки.
Проценките говорат дека поскапувањето на горивата неизбежно ќе предизвика нов бран на поскапувања кај храната и основните производи, бидејќи транспортот, производството и дистрибуцијата директно зависат од цената на енергенсите, што значи дополнителен инфлациски удар врз грбот на граѓаните
Во вакви услови државата мора активно да интервенира за да спречи прекумерни профити на грбот на граѓаните, ова се дел од коментарите во јавноста, но и на терен. Граѓаните стравуваат од поскапување на храната во маркетите, откако се покачија цените на горивата.
Во исто време, минималната потрошувачка кошничка продолжува драматично да расте и наскоро ќе ја надмине границата од 70.000 денари. Во вакви економски услови, Директорот на Државниот пазарен инспекторат вели дека допрва ќе формира тим кој по оперативен план ќе врши инспекциски надзори по маркетите, дистрибутерите и увозниците, но и производителите на храна. Стојкоски повика и на разум кај трговците.
И Владата очекува „фер однос“ од трговците за притисокот да не се префрлил веднаш врз потрошувачката кошница. Во момент кога дизелот веќе го оттурна ценовниот шок од бензинските кон маркетите, Мицкоски најави дека утре ќе има средба со сопствениците на синџирите супермаркети и дека од нив ќе побара да не ги зголемуваат цените. Инаку, премиерот е задоволен од инфлацијата во земјава, која според него, е најниска во регионот и изнесува 2,9%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгор цени во маркетите, граѓаните очекуваат допрва…
Ќе ја плаќа ли народот цената на…
Пазарна не констатирала криење залихи на гориво…
Контролите извршени од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ)…
САД гледаат знаци дека Иран се подготвува…
Американското разузнавање почна да гледа индикации дека…
САД потрошија муниција во вредност од повеќе…
Американската војска потроши муниција во вредност од…
Пендаровски вели дека американско-израелскиот напад врз Иран…
Поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, вели…