Пендаровски вели дека американско-израелскиот напад врз Иран го извадил на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика

t

Поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, вели дека американско-израелскиот напад врз Иран „го извадил на виделина аматеризмот на македонската надворешна политика“ поради безрезервната поддршка која нашите власти им ја даваат на американската администрација и на секој нејзин потег.

„Тоа е поразителен факт“, вели Пендаровски во интервју за БИРН, кој вели дека не само што една мала држава како Македонија може, туку е и нужно да одигра поинаку.

Македонија беше првата држава во регионот и пошироко, која најрано ја поддржа интервенцијата, многу пред Еди Рама и Александар Вучиќ, кои, како што вели поранешниот претседател, имаат далеку подобри односи со американскиот претседател Доналд Трамп и со неговата администрација.

„Кога е очигледно дека во истата алијанса има два пола што не се согласуваат, мала држава не смее да го избере само едниот. По дефиниција, тоа е ризично однесување“, вели Пендаровски.

За интервенцијата на САД во Иран, Пендаровски вели дека „освен што е непотребна, е и најлошо подготвената американска интервенција во последниве 100 години“. Воедно, нападот според него претставува геополитички преседан, не поради игнорирањето на меѓународното право, што се случувалo и порано, туку зашто САД под Трамп за првпат ги заобиколија НАТО-партнерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски…

Македонскиот режисер Милчо Манчевски освои една од…

Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната…

Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната…

Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…

Унгарија објави дел од достапните податоци од…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

(Видео) Министерката за образование во БиХ ги…

Министерката за образование во Федерацијата Босна и…