Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот А.Ј.(41) од Скопје пријавил дека на 17.11.2024 на подрачјето на Гази Баба бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и се претставило дека работи во Центарот за социјални работи и дека доколку пријавителот сакал да ги земе своите пари, кои не му биле подигнати од центарот, наредниот ден на 18.11.2024 требало да даде 18.500 денари за услугата.
Откако пријавителот ги предал парите на претходно договореното место на едно женско лице, по кратко време сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамен скопјанец за сума од над 18…
Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот…
Зајкова тврди дека настапува независно и со…
Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова вели…
НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен висок функционер на ДУИ…
Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел…
Пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја главна точка на средбата на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Белград оствари…
САД ja отфрлија одлуката на МКС за…
САД ја отфрлија пресудата на Меѓународниот кривичен…