Зајкова тврди дека настапува независно и со свои политики, крилото што бара промени утре на трибина

t

Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова вели дека партијата дејствува независно и оти тоа може да се заклучи од поднесените закони на ЛДП, од стенограмите, излагањата и гласањата во Собранието.

На новинарско прашање зошто нема писмено известување за независното дејствување на ЛДП, која на изборите во мај настапи во коалиција предводена од СДСМ, Зајкова одговори дека јасно и видливо дека „ЛДП дејствува независно бранејќи ја својата либерално-демократска политика“.

Внатрепартиските превирања во ЛДП почнаа откако иницијативниот одбор за реформи упати критика за според нив непринципиелната и погрешна политика на претседателката Зајкова да биде дел од власта и наместо почитување на интересот и желбата на граѓаните има само остварување на желбите и интересите на раководството на партијата.

Иницијативниот одбор за реформи и промени во ЛДП утре ќе најавува трибина во Битола. Зајкова неодамна во изјава за ТВ 24 посочи дека Централниот одбор на партијата веќе заседавал и дека идните чекори биле договорени, но и дека мора да има одговорност за лошите наративи и прозивки упатени кон неа а доаѓаат од одредени сопартиици но и лица кои како што рече немаат врска со партијата.

Она што е актуелно деновиве на политичката сцена е наметнувањето на прашањето дали владата со ваквите коалициски превирања кај одредени опозициски партии може да стигне и до двотретинско мнозинство откако претходно и Мендух Тачи го напушти европскиот фронт, а Зајкова веќе најавуваше дека е спремна да даде поддршка на Мицковски околу идејата за уставни измени со одложено дејство или тоа да биде државен став и позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Антимонот може да ја зголеми стратешката…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека потенцијалните резерви…

Поднесено обвинение за дел од осомничените за…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Лафчиски во Данска: Актуелните безбедносни предизвици во…

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко…

Рубио: „Договорот на САД со Данска и…

„Овој историски договор претставува голема победа за…

Пентагон разгледува повлекување на десетици илјади американски…

Една од најголемите геополитички вести во Европа…