Објавено на:

Израел ги проширува операциите во Либан

t

Израелската армија зазела стратешки важна планина во јужен Либан каде што се наоѓа замокот Бофорт, тврдина од времето на крстоносните војни. Ова претставува најдлабоко продирање на либанска територија за повеќе од четвртина век, објави израелската армија, пренесува Индекс.хр.

Заземањето на замокот Бофорт во близина на градот Набатија следеше по неколкудневни жестоки борби и воздушни напади врз околните села, каде што израелските сили се судрија со членови на Хезболах на тешко пристапен планински терен.

Израелските сили веќе го окупирале замокот еднаш во 1982 година и го држеле под контрола сè до повлекувањето од Либан во 2000 година.

Израелската армија објави дека пред неколку дена започнала операција во областа на гребенот Бофорт и долината Сулуки, јужно од замокот, со цел уништување на инфраструктурата на Хезболах и отстранување, како што наведува, „директни закани за израелските цивили“. Во соопштението се додава дека армијата е подготвена да „ја прошири операцијата доколку е потребно“.

Во последните недели, Хезболах им создава проблеми наа израелските сили со напаѓање на воени позиции и градови во северен Израел, користејќи скриени оптички дронови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ги проширува операциите во Либан

Израелската армија зазела стратешки важна планина во…

Иран се согласил да не развива нуклеарно…

САД и Иран наскоро би можеле да…

Зеленски: Русија подготвува голем бран воздушни напади…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди дека…

Фирмата на Ерик Трамп меѓу оние кои…

Војната во Украина го забрзува развојот на…

Се спрема закон со кој САД и…

Американскиот Конгрес работи на нов закон со…