Израел го уби шефот за финансии на Хамас, Кац се закани: „Нема да запреме додека не го уништиме целосно“
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет (Израелската безбедносна агенција) го ликвидирале Мухамед Абу Алван, шефот на одделот за финансии на Хамас, во заедничка операција во областа Кан Јунис во Газа, објави „Ерусалим пост“.
Веста ја потврди министерот за одбрана Израел Кац на X.
„Им оддаваме признание на ИДФ и на Шин Бет за прецизната операција и за решителните активности за попречување на нашите непријатели – и продолжуваме да ги гониме командантите и оперативците на Хамас, да удираме врз изворите на неговото финансирање и да ја уништуваме неговата терористичка инфраструктура. Нема да дозволиме Хамас да ја обнови својата сила и нема да запреме сè додека Хамас не исчезне од Газа“ порача Кац.
Овој потег е дел од напорите на Израел да ги пресече изворите на финансирање на Хамас и да го ослаби неговото раководство.
Премиерот Нетанјаху изјави дека нападот бил насочен кон финансиската мрежа на Хамас и вети дека ќе продолжат операциите против оваа група во Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…