Објавено на:

Израел уби висок командант на Хамас во Газа

t

Израелската армија во петокот соопшти дека убила висок командант на Хамас во воздушен напад во Газа, извршен еден ден претходно, додека продолжува со бомбардирањето на Појасот Газа, и покрај напорите на САД за спасување на примирјето од 2025 година.

Во соопштение, вооруженото крило на Хамас ја потврди смртта на Мохамед Абдел Салам ал-Јазури, по израелскиот напад во четвртокот. Од таму тврдат дека тој имал важна улога во планирањето на нападите од 7 октомври 2023 година, кои ја предизвикаа двегодишната израелска воена операција.

Според израелската армија, во нападот чија цел бил Јазури биле убиени и уште двајца команданти. Хамас засега не се огласи со дополнителен коментар.

Ројтерс известува дека Ал-Јазури бил висок командант и член на повисокиот совет за раководење на вооруженото крило на Хамас, како и командант на бригадата на Хамас во Кан Јунис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…

Израел го затвора британскиот конзулат во Источен…

Израел денеска соопшти дека ќе го затвори…

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…

Израелската армија ја нападна и уништи болницата…