ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренсува интегрално.
Беше разговарано за случајот со Алта банка, каде се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење пари на илјадници граѓани. Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката.
Претседателот Мицкоски информираше за средбата со раководството на ВРЕДИ. Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период.
Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…
Од спонзорство на општинскиот клуб до паркинг-услуги…
Горан Герасимовски денес е потпретседател на СДСМ,…
Костовски до советниците од ДУИ и Влен…
Еднаш ќе отсуствувам од седница на совет…
Бугарија ја оданочува домашната ракија и забранува…
Новите даночни измени во Бугарија предизвикаа реакции…
Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави…