Инцидент во Град Скопје, полиција и брза помош на лице место!
Инцидент попладнево се случил во просториите на Град Скопје, каде поранешен вработен во Градот нападнал вработена, по што нападнатата се онесвестила. На местото на настанот се наоѓаат екипи на полицијата и брза помош.
Настанот за Инфомакс го потврдија од МВР.
– По пријава од граѓанин полициски службеници од СВР Скопје се во просториите на град Скопје. Се преземаат мерки за утврдување за расчистување на случајот, стои во известувањето од МВР.
Напаѓачот, С.Б, инаку е поранешен вработен во Град Скопје, на кој работниот однос му е прекинат во 2024 година, а истиот редовно го придружува актуелниот градоначалник на Град Скопје за време на неговите изјави од позиција на градоначалник.

Според информациите на Инфомакс, напаѓачот вербално ја навредувал вработената и ѝ се обраќал на висок тон што предизвикало истата да се онесвести, по што била повикана итна медицинска помош.
Засега е нејасно во кое својство напаѓачот постојано е во придружба на градоначалникот Ѓорѓиевски и дали е дел од неговиот кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидент во Град Скопје, полиција и брза…
Инцидент попладнево се случил во просториите на…
Истрага за запуштање и малтретирање на бебе…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Свештеник во Србија физички нападнат бидејќи ги…
Претседателот на општина Лучани, Миливоје Доловиќ, го…
Тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Горно…
Во силен судир на два автомобила меѓу…
Прегазен полицаец во Скопје
Утрото на 9-ти ноември во 04:35 часот…