Свештеник во Србија физички нападнат бидејќи ги угостил студентите кои пешачеа до Нови Сад

t

Претседателот на општина Лучани, Миливоје Доловиќ, го нападнал свештеникот на православната црква на ова место. Во друштво на уште еден маж, тие прво ги навредиле, а потоа и физички гио нападнале свештеникот Далибор Милошевиќ. Почнале да го туркаат, а во еден момент дури и го влечеле за брадата. И тоа само затоа што во парохискиот дом ги угостил студентите кои оделе пеш кон Нови Сад, објави Н1.

„Свештеникот бил во својата парохиска куќа и попладнето се упатил кон својот дом. А потоа дошол автомобил и застанал до него. Видливо пијан Миливое Доловиќ излегол од него. Го нападнал свештеникот“, раскажува Дринка Вујичиќ, наставничка од Лучани.

Таа рекла дека за време на расправијата, друг маж излегол од автомобилот и се придружил на нападот.

Активистите на движењето „Млади во блокада“ веќе неколку вечери ги повикуваат своите сограѓани да се соберат во центарот на Лучани, а потоа да одат на протестни прошетки низ централните улици.

„Продолжуваме со протестите. Нема да застанеме тука. Ќе продолжиме додека вистината не излезе на виделина“, вели студентот Ѓорѓе Обрадовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…