Објавено на:

Иран ги отфрли изјавите на Доналд Трамп дека Ормускиот Теснец останува отворен

t

Иран најавува дополнително заострување на мерките во Ормускиот Теснец, откако секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, соопшти дека Техеран во наредните денови ќе прогласи „зона на забрана“ надвор од теснецот, почнувајќи од линијата на американската поморска блокада.

Според Резаи, зоната ќе опфати делови од Персискиот Залив, а секој брод што ќе влезе во неа ќе биде ставен на листа на санкции, пренесува „Ал Џезира“.

Резаи, кој зборуваше за иранската државна телевизија, тврди дека Ормускиот Теснец е целосно затворен. Тој ги отфрли изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека теснецот останува отворен, нарекувајќи ги „голема лага“.

Според неговите тврдења, пред затворањето низ Ормускиот Теснец минувале повеќе од 100 бродови со над 100 милиони тони стока, додека сега низ него минуваат само седум или осум бродови со товар.

Резаи изјави дека Иран ги следи американските бродови кои, како што тврди, се обидуваат „нелегално“ да поминат низ теснецот и дека ги напаѓа. Сепак, според него, Техеран сè уште нема донесено одлука за потопување на бродовите што САД се обидуваат да ги спроведат низ теснецот, бидејќи тие превезуваат нафта и нивното потопување би можело да предизвика еколошка штета.

Иранскиот функционер најави дека мерките во Ормускиот Теснец ќе бидат дополнително заострени, оценувајќи дека ефектот од иранските санкции во областа „ќе биде поголем од ефектот на ракетите“.

Истовремено, Резаи порача дека Иран ќе го држи Ормускиот Теснец отворен доколку САД не ја загрозуваат или напаѓаат неговата територија.

Тој изнесе и тврдење дека Иран пред 48 часа за првпат тестирал противбродска ракета против американски воен брод. Според неговата верзија, американските воени бродови се повлекле по употребата на нов тип ракета наменета за напади врз разурнувачи.

Тврдењата на Резаи засега претставуваат ирански наводи, а нема независна потврда за сите изнесени информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран ги отфрли изјавите на Доналд Трамп…

Иран најавува дополнително заострување на мерките во…

Попушта ли Зеленски околу територијалните прашања: „Тоа…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…

Трамп предлага сојузната држава Ново Мексико да…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи сојузната држава…

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба…

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година…

Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот…