Иран: Ормускиот теснец е отворен, но не за сите
Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова фаза со спротивставени тврдења за можни преговори и континуирани воени напади на терен. Додека Вашингтон зборува за напредок во разговорите, Техеран го негира тоа, а тензиите во регионот не стивнуваат. Израелската армија изврши напади врз Иран.
Иранската Исламска револуционерна гарда одговори со нови воздушни напади врз американската и израелската воена инфраструктура. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Ормутскиот теснец е отворен за бродови од земји кои не ги поддржуваат нападите на САД и Израел, додека е затворен само за бродови на „земјите агресори и нивните поддржувачи“.
Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран
„Моменталната несигурност во регионот и Ормутскиот теснец е директна последица од нападот на САД и Израел врз Иран на 28 февруари. Техеран решително го брани својот национален суверенитет и територијален интегритет“.
Израел ќе продолжи да ги напаѓа Иран и Либан и покрај тоа што САД размислуваат за прекин на огнот, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Изјавата следува по телефонскиот разговор Трамп-Нетанјаху откако шефот на Белата Куќа го запре воениот притисок врз Техеран со продолжување на рокот за повторно отворање на Ормускиот теснец и одложување на нападите врз иранските електрани за уште пет дена.
Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел
„Претседателот Трамп верува дека постои можност да се искористат значајните достигнувања на израелските одбранбени сили и војската на САД за да се остварат воените цели во договор што ќе ги заштити нашите витални интереси. Во исто време, ние продолжуваме да напаѓаме, и во Иран и во Либан. Ја уништуваме ракетната и нуклеарната програма и продолжуваме сериозно да му нанесуваме штета на Хезболах“.
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека САД преговараат со почитуван ирански лидер, но Техеран негира какви било разговори и соопшти дека американскиот претседател се повлекува по нивните предупредувања. Израелски медиуми објавија дека САД го одредиле 9-ти април како можен датум за завршување на војната со Иран. Политико објави дека американската администрација тајно го разгледува претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, како потенцијален партнер, па дури и како иден лидер на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Ормускиот теснец е отворен, но не…
Конфликтот на Блискиот Исток влегува во нова…
CNN: САД немаат јасна опција за завршување…
Конфликтот меѓу САД и Иран влегува во…
„ЦИРКУЗАНТ“: Мицкоски за новинарот што и се…
Премиерот Христијан Мицкоски одби подетално да ја…
Стојанче Ангелов: Го оправдувам американскиот напад врз…
Директорот на ДЗС и претседател на партијата…
Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа свика итен…