ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да измислувате преговори, време е да ги прифатите нашите седум услови!
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски Држави, обвинувајќи го Вашингтон за ширење лажни информации за наводни мировни преговори и барајќи американската администрација да ги прифати седумте услови поставени од Техеран.
„Престанете да произведувате лажни вести за измислени преговори. Време е да капитулирате пред седумте услови што Иран постојано ги поставува“, гласи пораката што му се припишува на висок ирански безбедносен функционер.
Според Ројтерс, висок претставник на иранските безбедносни структури потврдил дека Техеран нема намера да започне директни преговори со Вашингтон сè додека американската страна не преземе конкретни чекори за исполнување на иранските барања.
Меѓу условите што Иран ги поставува се укинување на американските санкции, ослободување на замрзнатите ирански финансиски средства, исплата на воени репарации, прекин на американската поморска блокада и гаранции за трајно запирање на непријателствата.
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, претходно предупреди дека Иран нема да го отвори Ормускиот Теснец ниту ќе започне преговори додека Вашингтон не ги исполни поставените услови.
Од друга страна, американската администрација инсистира дека иранската нуклеарна програма мора да биде дел од почетните преговори, што останува една од главните пречки за постигнување договор.
Иако Катар продолжува со посредничките дипломатски напори, најновите пораки од Техеран укажуваат дека позициите на двете држави остануваат сериозно оддалечени.
Оваа размена на пораки доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и неизвесност околу можноста за продолжување на американските воени операции против Иран.
Засега нема потврда дека Вашингтон е подготвен да ги прифати иранските услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…