Истрели во владина зграда во Анталија: Специјалци опколија објект во населбата Кепез
Во турскиот град Анталија се слушнале истрели во владината зграда во населбата Кепез, откако едно лице наводно влегло во Дирекцијата за национално образование и отворило оган, пренесуваат турските медиуми.
Според првичните информации, по пукањето напаѓачот се заклучил во една од просториите во зградата, што предизвикало паника меѓу вработените и граѓаните кои во тој момент се наоѓале таму.
Владината зграда во Кепез веднаш била евакуирана, а полицијата го блокирала поширокиот простор околу објектот.
Видеата што се појавија на социјалните мрежи покажуваат вооружени припадници на специјалните полициски единици како влегуваат во зградата, додека евакуираните вработени и граѓани стојат надвор и ја следат ситуацијата.
На местото на настанот пристигнале и медицински екипи, кои се во состојба на готовност во случај да има повредени.
Засега не е познато дали има повредени, ниту кој е мотивот на напаѓачот. Полицијата продолжува со операцијата во зградата, додека властите ги повикуваат граѓаните да ја избегнуваат областа додека трае интервенцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрели во владина зграда во Анталија: Специјалци…
Во турскиот град Анталија се слушнале истрели…
ИДФ почнале „целна копнена операција“ во Јужен…
Израелската војска објави дека започнала „целна копнена…
Цената на гасот достигнува максимум – инвеститорите…
Геополитичките тензии во последните месеци силно влијаат…
Половина Скопје утре останува без струја
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа,…
Сообраќајка на патот Кочани – Виница, неколку…
Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот…