Италија нема да учествува во „Одборот за мир“ на Трамп

t

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани исто така денес потврди дека Италија нема да учествува во Одборот за мир формиран од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс, откако претходно тоа го стори и Полска.

„Не можеме да учествуваме во Одборот за мир бидејќи постои непремостлива уставна пречка од италијанска страна“, изјави тој за новинската станица Скај ТГ24.

„Сепак, ако треба да работиме на напорите за реконструкција насочени кон обезбедување мир на Блискиот Исток, ние сме подготвени да го сториме тоа“, додаде тој.

Според италијанскиот Устав, земјата може да се приклучи на меѓународни организации само под еднакви услови со другите членови – услов за кој Рим вели дека не е исполнет со сегашниот статут на Одборот, кој му дава на Трамп проширени извршни овластувања.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони минатиот месец изјави дека побарала од Трамп да ги измени условите на Одборот за мир за да ѝ се дозволи на Италија да му се придружи.

Кипар пак е ориентиран кон позитивен одговор на поканата на американскиот претседател Доналд Трамп за учество во Одборот за мир за Газа.

Одговорот на Никозија на поканата на Доналд Трамп до Кипар да учествува на заседанието на Одборот за мир за Газа во Вашингтон на 19 февруари се очекува уште во текот на денот.

Според информациите на ДВ, кипарската влада е ориентирана кон позитивен одговор на поканата на американскиот претседател, бидејќи смета дека Одборот на Доналд Трамп се однесува исклучиво на Газа и нема можност да ја замени ОН во конфликти, како што е кипарскиот проблем.

Дополнително, кипарската влада смета дека надлежноста на Советот е во согласност со Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на ООН за работењето на Мировниот совет за Газа и, според тоа, не е некомпатибилна со ООН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија нема да учествува во „Одборот за…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Уапсена криминална група што подметнувала експлозии на…

Криминална група составена од четворица Италијанци и…

(Видео) Напад како од филм во Италија…

Драматичен и небоичен настан се случил утрово…

Италијанската премиерка Мелони ги нарече антиолимписките демонстранти…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди…

Четири лица загинаа во серија лавини на…

Четири лица загинаа, а неколку се повредени…