Уапсена криминална група што подметнувала експлозии на банкомати во Италија, меѓу нив и Србин
Криминална група составена од четворица Италијанци и еден Србин е уапсена во понеделник во Италија. Тие се сомничат дека подметнувале експлозии на банкомати низ целата земја.
Групата најпрво ограбувала во регионот Апулија, а потоа се преселила на север, каде извршила околу 20 кражби. Четворицата Италијанци се во дваесеттите години од животот, а Србинот има 30 години. Тие беа уапсени во понеделник на зор, тројца од нив се испратени во затвор, додека другите двајца се на слобода, но се под истрага.
Истражителите веруваат дека успеале да ја идентификуваат групата, која имала логистичка база, дефинирани улоги и вештини, и дека детално го планирала своето движење. Се претпоставува дека кражбата на возилата, кои ги користеле за транспорт, исто така била дел од нивната операција.
Полицијата запленила две експлозивни направи подготвени за употреба, кои биле пронајдени во возило паркирано во близина на еден банкомат.
Според италијанските медиуми, осомничените користеле специјална експлозивна направа за разурнување на банкоматите. Станува збор за метален цилиндер во кој се става околу половина килограм барут со фитил.
Направата се поставува во претходно направен отвор на банкоматот, по што следува силна детонација што ги разнесува заштитните капаци и овозможува пристап до сефот со пари. Целата операција траела само неколку минути, што им овозможувало брзо да го земат паричниот износ и да избегаат пред доаѓањето на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…
Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…
Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…
Италија со нов предлог за миграцијата: Центри…
Италија на денешниот вонреден состанок на министрите…