Италијанската полиција заплени 2,6 тони кокаин покрај брегот на Португалија
Во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, полицијата заплени повеќе од 2,6 тони кокаин со проценета улична вредност од 500 милиони евра (570 милиони долари), соопшти во понеделник италијанската гранична и царинска полиција.
Дрогата е пронајдена на ултрабрз океански брод со цврст труп што шверцерите обично го користат за преземање на нелегални пратки фрлени на море од големи бродови што доаѓаат од Јужна Америка, соопшти италијанската полиција во соопштение, објави Ројтерс.
Уапсени се четири лица на бродот – двајца Шпанци, еден Гибралтарец и еден Албанец што живее во Италија. Операцијата е спроведена во соработка со шпанските и португалските власти, а италијанското обвинителство во северниот град Бреша ја координира истрагата.
– Вредноста на оваа количина кокаин на големо се проценува на приближно 78 милиони евра, но откако ќе стигне до својата дестинација и ќе биде разредена за малопродажба, кокаинот би донел вкупен приход од околу 500 милиони евра, според полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италијанската полиција заплени 2,6 тони кокаин покрај…
Во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија,…
Пожар во Италија: Евакуирани над 400 туристи
Италијанската крајбрежна стража во неделата објави дека…
Земјотрес со јачина од 4,1 степен ја…
Земјотрес со јачина магнитуда од 4,1 степени…
Италија заплени 770 килограми кокаин во пакети…
Припадници на италијанската полиција запленија пакети со…
Осуден е италијанскиот директор по чија вина…
Поранешниот директор на италијанската компанија за автопати…