Итно прилагодување или високи казни: новиот закон за пушење ги става трговците под финансиски стрес
Со најавеното стапување во сила на Законот за заштита од пушење, малите трговци се соочуваат со обврска за итно преуредување на своите објекти. Новите правила бараат набавка на специјални витрини и шкафови, а непочитувањето на одредбите носи ризик од високи парични казни.
За сопствениците на трафики, маркети и мали дуќани, ова значи дополнителен финансиски товар кој не бил предвиден во нивните бизнис-планови. Дел од трговците предупредуваат дека ваквите трошоци ќе ги принудат да ги намалат инвестициите, а во некои случаи и бројот на вработени. Особено погодени се малите, семејни бизниси, кои стравуваат дека нема да можат лесно да се прилагодат на новите барања.
Новиот закон предвидува забрана за изложување на тутун, односно цигари и други производи во малопродажните објекти.
viber slika
„…треба да се чуваат во затворени шкафови што не се достапни за потрошувачите. Шкафовите за складирање треба да бидат конструирани на таков начин што ќе се спречи визуелното прикажување на тутунските производи кон потрошувачите кога шкафовите се отворени. Шкафовите за складирање на тутун, и други производи што содржат тутун и/или никотин, како и уреди за консумирање на тутун и никотин, не смеат да имаат надворешно осветлување и треба да бидат во боја што не го привлекува вниманието на посетителите.“, се наведува во предложениот закон.
Голем дел од дуќанџиите се жалат дека имаат договори со добавувачи кои се уште не се истечени. Дел од нив велат дека ќе имаат огромни загуби, зашто неодамна реновирале и ја поставиле неопходната опрема, витрини и безбедносни системи, прилагодени за продажба на тутунски производи од кои го заработуват најголемиот дел од приходите.
„Со новите законски ограничувања, овие инвестиции практично стануваат бескорисни, а загубите за нас ќе бидат огромни. Вложувањата се направени со кредити и големи задолжувања, така што оваа нагла промена ни предизвикува сериозни финансиски проблеми, а за голем дел од нас тоа значи целосно затворање на бизнисот од кој се хранат многу семејства“, соопштија неодамна трговците на мало.
Тоа што уште повеќе загрижува е висината на казните, доколку шкафот во маркетот не е по мерка на законот на Министерството за здравство. Одговорните лица во маркетите ќе бидат казнети од 1.500 до две илјади евра, а компаниите во зависност од нивната големина.
„2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се казни мало правно лице, со парична казна од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе се казни средно правно лице, а со парична казна од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се казни големо правно лице за прекршок“, пишува во новиот Закон за заштита од пушење.
Трговците на мало бараат поголем преоден период, бидејќи, како што велат, доведени се во хаотична состојба. За нив овие ригорозни одредби ќе значат нагло откажување на веќе потпишаните годишни договори со дистрибутерите на цигари и тутунски производи за изложеност во продажниот простор, преуредување на просторот, отстранување на брендингот од објектите, што може да доведе до финансиски колапс и отпуштање на вработени.
Дел од маркетите сметаат дека набавката на посебната опрема за складирање на производите и исполнувањето на обврските кои им се наметнати на трговците на мало со предлог-Законот, ќе предизвикаат значителен еднократен трошок за трговците при набавка на опремата, но и зголемени континуирани
трошоци за одржување на оваа опрема. Повеќето реагираат и дека е физички
невозможно во толку краток период да се набави, соодветно монтира и да се подготви за употреба бараната опрема, покрај недореченостите во однос на изгледот на шкафовите и специјалните кутии предвидени во законот.
За ова неодамна реагираше и Стопанската комора, од каде истакнаа дека е бидат директно засегнати околу четири илјади малопродажни објекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Итно прилагодување или високи казни: новиот закон…
Со најавеното стапување во сила на Законот…
(Видео) Ромската заедница против системот за Безбеден…
Граѓани од ромска националност вчера и денеска…
EES-системот се воведува без одложување, целосна примена…
Од 10 април 2026 година, патниците од…
Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на…
Јавниот собирот над населбата Баир во Битола…
Утре облачно време со температура до 14…
Времето утре ќе биде облачно со слаб…