Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани гласале во Македонија за претседателските избори во Бугарија
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте избирачки места на територијата на Македонија на вчерашните избори за претседател и потпретседател на Бугарија, пренесуваат бугарските избори.
105 гласачи гласале на гласачкото место отворено во зградата на бугарската Амбасада во Скопје, 49 бугарски државјани гласале во Генералниот конзулат на Бугарија во Битолa, 51 гласале во Охрид, 44 во Струмица, 39 во Кавадарци, по 32 гласачи гласале во Кочани и Прилеп.
Вкупниот број на гласачи во Македонија е помал од оној на оние што гласале на предвремените парламентарни избори во април годинава, кога вкупно 462 бугарски државјани го оствариле своето право на глас. 461 гласале во Македонија на бугарските парламентарни избори во октомври 2022 година, во април 2023 година имало 453 гласачи, 340 бугарски државјани го оствариле своето право на глас на изборите во јуни 2024 година, а најмалку 327 гласале на изборите во октомври 2024 година.
Бугарија ќе избира претседател во втор круг откако ниту еден кандидат не обезбеди апсолутно мнозинство. Дополнително, излезноста од 22,2 проценти остана далеку под потребниот праг од повеќе од 50 проценти. Поради тоа, следната недела ќе се одржи втор круг меѓу двајцата најуспешни кандидати – актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот премиер на привремена влада Андреј Ѓуров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…
Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…
При обработени 98,99 отсто од записниците во…
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…