Калин Ивановски со победа го започна турнирот во Пардубице
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа го започна настапот на ИТФ турнирот во чешкиот Пардубице, откако славеше над домашниот претставник Патрик Хомола со 2-0 во сетови.
Калин Ивановски ги доби двата сета со идентичен резултат (6-4, 6-4), со што го продолжува настапот на турнирот кој има награден фонд од 30.000 долари.
Во втората рунда, нашиот тенисер ќе ги одмери силите со Германецот Клаус Пиенинг, кој се наоѓа дури на 1912. позиција на АТП листата.