Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница влегол во Македонија на ГП „Блаце“ и бил празен

t

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири луѓе влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, рече  Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју на ТВ Телма.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни во царинска постапка за да помине на тој граничен премин. Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции“, рече Николовски.

Првенецот на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков,, неговиот 20-годишен син Адам и две дваесетгодишни момчиња – Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, другари на Адам, се загинатите во оваа трагична сообраќајна несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Рамуш Харадинај се повлече по 26 години,…

Ардијан Џини е избран за нов лидер…

Османи: Ги молев американските претставници да му…

Поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи, ги…

Косово ризикува да изгуби повеќе од 250…

Додека Европската комисија им става на располагање…