(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри, па сам излезе од смачканиот автомобил
Возачот кој утрово со својот автомобил слета во клисура длабока 150 метри во областа Дубац, на Макарската ривиера, се спаси без сериозни последици, а според пожарникарите, успеал сам да излезе од возилото пред да пристигнат спасувачките служби.
Според пожарникарите од Брела, тие добиле пријава за несреќата во 5:35 часот утрово, по што веднаш излегле на терен.
„По пристигнувањето на местото на интервенцијата, го најдовме возилото надвор од коловозот, додека возачот, за среќа, веќе бил надвор од автомобилот“, изјавија пожарникарите.
Во спасувачката акција учествуваа пожарникари од Башка Вода, ЈВП Макарска, пожарникари од Задварје и пожарникари од Омиш, како и екипи на Итна медицинска помош и полиција.
Противпожарната служба апелираше до возачите да бидат дополнително внимателни и да ја прилагодат брзината на условите на патот, особено на тешките делници како што е Дубац.
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат целосно уништен автомобил, поради што многумина ја нарекуваат оваа несреќа вистинско чудо.
Фотографиите погледнете ги тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…