Објавено на:

Канада негираше дека сака членство во ЕУ, се залага за формирање уникатен сојуз

t

Премиерот Марк Карни изјави дека Канада сака уникатен сојуз со Европската Унија, но не и членство во блокот, додека се интензивира нејзината трговска војна со САД.

„Она што го бараме и за што ќе започнеме разговори е уникатен сојуз со Европската Унија“, рече Карни.

Тој оваа недела ќе ги посети Велика Британија и Франција и треба да се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур.

„Вол стрит џурнал“ претходно објави дека претставници на ЕУ биле отворени за предлогот на Карни, Канада да стане „придружна членка“ на блокот, според официјални лица од двете страни. Карни му дал насоки на својот специјален пратеник за Европа да ги испита најамбициозните можности што не вклучуваат полноправно членство, пренесе весникот.

„Ги делиме истите вредности. Имаме исти приоритети и поседуваме силни страни што одлично се надополнуваат. Посилни сме кога сме заедно. Во време кога светот стана поопасен и поподелен, пријателите треба да се држат заедно“, кажа Карни.

Откако ја презеде функцијата, Карни промовираше стратегија насочена кон создавање понезависна и поотпорна економија, како одговор на сè понепријателската политика на владата на Трамп кон Канада. Трамп зборуваше за претворање на Канада во 51. сојузна држава на САД и неодамна го преименуваше езерото Онтарио во езеро Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада негираше дека сака членство во ЕУ,…

Премиерот Марк Карни изјави дека Канада сака…

Северна Кореја може да испрати до 50.000…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија…

Спремни за во ЕУ: Главниот обвинител на…

Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…

(Видео) Шефот на полската дипломатија вели дека…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само…

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани…