Касами и Меџити ќе имаат заеднички потпис
Коалицијата ВЛЕН ги финализира подготовките за својот прв партиски конгрес, кој ќе се одржи на 9 мај, со учество на околу 850 делегати, пренесува ТВ21.
Од коалицијата информираат дека по конгресот, Билал Касами и Изет Меџити ќе ја предводат партијата како двајца претседатели, со заеднички потпис и еднакви надлежности. Од ВЛЕН појаснуваат дека одлуките ќе се носат консензуално во рамки на потесното раководство, без право на вето, што значи дека поединец нема да може да ги блокира процесите доколку мнозинството е усогласено.
Потесното раководство ќе го сочинуваат двајцата претседатели, двајца потпретседатели и генерален секретар. За овие функции се предвидени Мимоза Муса и Беким Ќоку како потпретседатели, додека Беким Сали ќе биде генерален секретар.
Од ВЛЕН најавија и дека застапеноста во партијата ќе биде на ниво од 20 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами и Меџити ќе имаат заеднички потпис
Коалицијата ВЛЕН ги финализира подготовките за својот…
ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што…
ВЛЕН: На кој јазик синот на Талат…
Со својот глас и потпис, Талат Џафери…
ДУИ бара оставка од Меџити: Му дава…
„Во Open Finance е евидентирана месечна исплата…
ВЛЕН: Албанците не се алатки туку се…
„Албанците не се алатки, туку се закон.…