ВЛЕН: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит

t

Со својот глас и потпис, Талат Џафери и ДУИ го изоставија албанскиот јазик од правосудниот испит, свесно го исклучија, на штета на многу студенти Албанци, соопштија од ВЛЕН.

„Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, ја разоткрива вистината. Проблемот со правосудниот испит и исклучувањето на албанскиот јазик носи чист политички печат.

Во време кога Законот за употреба на јазиците веќе беше на сила, Талат Џафери, како претседател на Собранието, не само што не побара усогласување на законот за правосудниот испит со одредбите што произлегуваат од тој закон, туку напротив даде зелено светло за законски текст во кој беше изостанат албанскиот јазик.

Јавно прашуваме, кога синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит, на кој јазик одговори? Ова е вистинското лице на ДУИ“, велат од ВЛЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата…

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…