Објавено на:

Катар и Украина потпишаа договор за соработка во областа на одбраната

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Украина и Катар потпишаа договор за Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Украина и Катар потпишаа договор за соработка во областа на одбраната на најмалку десет години.

Договорот е потпишан за време на посетата на Зеленски на Доха, каде што украинскиот претседател се сретна со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, и со премиерот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, пренесува Укринформ.

– Разговаравме за тоа како да обезбедиме поголема заштита на животите во нашите земји и договоривме заемно корисно партнерство во секторот на одбраната во траење од најмалку десет години – истакна Зеленски.

Договорот, по средбата на Зеленски и Ал Тани, го потпишаа началниците на генералштабовите на војските на Украина и Катар, Андриј Гњатов и Јасим бин Мохамед ал Манаи.

Украинскиот претседател пристигна во Доха по посетата на Обединетите Арапски Емирати, каде што изјави дека неговиот тим ги финализира преостанатите детали за договорот за безбедност со официјалните претставници на таа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катар и Украина потпишаа договор за соработка…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека…

Иран има ново барање за прекин на…

Кога еден ирански функционер оваа недела состави…

Вербална војна меѓу Вашингтон и Берлин: Трамп…

Американскиот претседател Доналд Трамп упати критики до…

Трамп шокира: Саудискиот принц ми го бакнува…

Доналд Трамп упати контроверзни изјави за односите…

Рубио: Ормутскиот теснец останува критичен, но целите…

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека…