Катар и Украина потпишаа договор за соработка во областа на одбраната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Украина и Катар потпишаа договор за Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека Украина и Катар потпишаа договор за соработка во областа на одбраната на најмалку десет години.
Договорот е потпишан за време на посетата на Зеленски на Доха, каде што украинскиот претседател се сретна со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, и со премиерот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, пренесува Укринформ.
– Разговаравме за тоа како да обезбедиме поголема заштита на животите во нашите земји и договоривме заемно корисно партнерство во секторот на одбраната во траење од најмалку десет години – истакна Зеленски.
Договорот, по средбата на Зеленски и Ал Тани, го потпишаа началниците на генералштабовите на војските на Украина и Катар, Андриј Гњатов и Јасим бин Мохамед ал Манаи.
Украинскиот претседател пристигна во Доха по посетата на Обединетите Арапски Емирати, каде што изјави дека неговиот тим ги финализира преостанатите детали за договорот за безбедност со официјалните претставници на таа земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…