Километарски колони на ГП Богородица
Првиот летен викенд донесе зголемен сообраќај и долги колони кон Грција. Голем број граѓани од Македонија и од регионот уште од утринските часови се упатија кон грчките туристички места, што предизвика застои и бавно движење на возилата на граничниот премин „Богородица“.
Според информации од терен и објави на социјалните мрежи, задржувањата за излез од државата биле значителни, а колоните во одредени периоди се протегале и по неколку километри.
Дел од патниците се обиделе да ги избегнат гужвите преку други гранични премини, но и таму бил регистриран засилен интензитет на сообраќајот.
Почетокот на сезоната на годишни одмори, завршувањето на учебната година и продолжениот викенд дополнително го зголемија бројот на патници кон јужниот сосед. Најголем метеж, како и вообичаено, има на релацијата Богородица – Евзони, која е најчестиот избор за туристите што патуваат кон Халкидики, Пиерија и другите летувалишта во Грција.
Патници сведочат дека во одредени делови од денот се чекало со часови, а колоните се движеле бавно поради големиот број возила што истовремено пристигнувале на преминот.
Надлежните апелираат граѓаните пред тргнување да ја проверат состојбата на граничните премини и да планираат повеќе време за патување бидејќи слични гужви се очекуваат и во следните летни викенди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМСМ: Отстранета блокадата на Евзони, нормализиран сообраќајот…
Од вчера од 21:00 часот блокадата за…
Тројца Грци краделе парфеми од продажен објект…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична…
Песочна фигура на Богородица извајана на плажа…
На 15 август - Денот на Варна,…
Сè уште гужва на границите – се…
Од Авто мото сојузот на Макеодонија информираат…
На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…
На граничниот премин Табановце за влез во…