Објавено на:

Ким Јонг-ун пушти во употреба нов нуклеарен разурнувач

t

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун свечено го воведе во служба најновиот воен разурнувач на армијата и најави дека тој ќе изведува „уништувачки возвратни напади“, објави државната новинска агенција на Северна Кореја, КЦТА. Агенцијата не прецизираше дали бродот ќе носи нуклеарно оружје.

На церемонијата во источниот пристаништен град Вонсан, Ким Јонг-ун изјави дека распоредувањето на новиот брод источно од Корејскиот Полуостров испраќа јасна порака до противниците на Северна Кореја.

„Дојде времето да го практикуваме нашиот суверенитет на морето и под морето“, изјави Ким Јонг-ун.

Разурнувачот „Кан Гон“ со тежина од 5.000 тони е втор брод од овој тип што е воведен во оперативна употреба, по „Чое Хјон“, кој беше пуштен во употреба во близина на западниот брег на Северна Кореја пред околу три месеци.

Ким Јонг-ун на церемонијата изјави дека нуклеарното вооружување на севернокорејските поморски сили се развива и дека земјата ќе продолжи да ги проширува, како што ги нарече, своите најмоќни стратешки средства во клучните морски области, со цел да го заштити својот поморски суверенитет и регионалната безбедност.

КЦТА не прецизираше какви оружени системи ќе бидат распоредени на „Кан Гон“, но соопшти дека тој ги има истите системи како „Чое Хјон“. Во претходен текст КЦТА наведе дека разурнувачите од класата „Чое Хјон“ може да бидат вооружени со различни видови оружје, вклучително и ракети за кои аналитичарите сметаат дека би можеле да носат нуклеарна боева глава.

Ким Јонг-ун вети дека по осум месеци ќе го претстави следниот степен во развојот на севернокорејските поморски сили, но не даде детали.

Тој додаде дека започнала изградбата на поморски бази долж источниот брег и дека земјата ќе формира нови поморски единици и ќе гради различни класи воени бродови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кореја донираше осум електрични возила за Министерството…

Министерството за здравство, со поддршка од Владата…

(Видео) Брука: Јаневска се извинува што не…

Министерката за образование, Весна Јаневска, продолжува со…

Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…

Не се согласувам со вашата констатација дека…

​​​​Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва  без ,,Северна“

На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…

Името „северна“ Македонија го има пет пати…

Во поднесокот на имињата на новите министри…