Објавено на:

Кипар сака да влезе во НАТО

t

Кипар ќе аплицира за членство во НАТО алијансата, изјави претседателот на земјата Никос Христодулидес, пренесуваат грчките медиуми.

Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.

Како што наведе, биле потребни дури и контакти со британскиот премиер за да се разјасни дека британските бази на Кипар не се користат за офанзивни операции поврзани со војната.

Тој исто така изјави дека нападите кои досега биле извршени главно доаѓале од Либан и додаде дека е во постојана комуникација со претседателот на таа земја.

„Разбирате дека во многу случаи целта од Иран е Израел. Проектилите минуваат низ регионот, низ поширокиот источен Медитеран, и тоа е нешто што се следи многу внимателно“, изјави тој.

Христодулидис додаде дека Кипар располага со сопствени системи кои се значително унапредени, а во исто време постои и заштита од британската страна, како и договори со европските држави.

Одговарајќи на прашање за можноста Кипар да стане членка на НАТО, тој рече дека доколку тоа би било можно веднаш, земјата би поднела соодветно барање, но дека тоа во моментот не може да се случи поради постојните политички околности и ставот на Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кипар сака да влезе во НАТО

Кипар ќе аплицира за членство во НАТО…

НАТО ја засили противракетната одбрана

Според соопштението од НАТО, зголеменото ниво на…

Грција предупредува: Напад врз Кипар е закана…

Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос…

Британскиот министер за одбрана во итна посета…

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, патува…

Америка предупредува да не се патува на…

Американскиот Стејт департмент издаде официјално предупредување до…