Клековски со порака за Денот на независноста: Државата се гради секој ден
Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на централната свеченост пред Владата по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

Во рамки на одбележувањето беше извршена замена на државните знамиња, а свое свечено обраќање имаше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Клековски по повод Денот на независноста упати порака дека 35 години по осамостојувањето, независноста не треба да се доживува само како историски спомен, туку и како обврска и одговорност кон државата и граѓаните.

„Триесет и пет години подоцна, независноста не е спомен туку одговорност — секој ден одново да се гради и заслужува преку работата што ја вршиме за граѓаните“, порача Клековски.
Со својата порака, министерот го стави акцентот на секојдневната работа, институционалната одговорност и посветеноста како основа за натамошен развој на државата.