„КООРДИНАЦИЈА НУЛА“: „Ниту една повеќе“ им даде рок на институциите до 10 декември, најавени нови протести пред Собранието

t

Со остри критики кон институциите и барања за итно усвојување на законските измени за заштита на жените од насилство, неколку стотици граѓани денеска излегоа на протест во центарот на Скопје, организиран од граѓанското движење „Ниту една повеќе“.

Од протестот беше упатено барање до пратениците најдоцна до 10 декември да ги усвојат законските измени, особено оние што се однесуваат на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

„Каде е сега итната постапка? Најитно усвојување на законските измени за заштита од насилство, особено на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Поднесени се на 26 август во Собранието. Рокот ви е до 10 декември“, беше порачано од протестот.

Учесниците најавија дека доколку нивните барања не бидат исполнети, на 10 декември, кога се одбележува Меѓународниот ден на човековите права, повторно ќе протестираат пред законодавниот дом.

„Во спротивно, ќе го славиме Денот на човековите права на 10 декември пред Собрание. Па да не ви ги затвораме парламентарците во Собрание“, порачаа говорничките.

Посебни критики беа упатени и кон полицијата, центрите за социјална работа и правосудните органи поради, како што беше посочено, недоволната меѓуинституционална координација во случаите на насилство врз жените.

Од протестот беше нагласено дека уште во април годинава била формирана работна група за измени на осум законски решенија, меѓу кои и законите за полицијата и семејството, но дека потребните измени сè уште не се усвоени.

„Во рака имате осум закони за кои дури си формиравте и таканаречена работна група во април оваа година. Координација нула, нула“, беше истакнато во обраќањето.

Демонстрантите побараа построго санкционирање на фемицидот, институционална одговорност и конкретни мерки за навремена заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство.

Протестниот марш започна во паркот „Жена Борец“, продолжи низ централното градско подрачје, преку Рекорд, булеварот „Свети Климент Охридски“ и улицата „Јордан Мијалков“, а заврши пред Министерството за внатрешни работи.

Протестот се одржа по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„КООРДИНАЦИЈА НУЛА“: „Ниту една повеќе“ им даде…

Со остри критики кон институциите и барања…

(Фото) Со навредлив транспарент за македонската полиција…

На денешниот протест против насилството врз жените,…

НОВАТА ВЛАСТ ВО СРБИЈА Ѝ УДРИ ШАМАР…

Србија нема да учествува на самитот на…

ОЈО Крива Паланка постапува по напад врз…

Обвинителството во Крива Паланка почна да постапува…

Руска рафинерија гори веќе трет ден

Резервоарите за складирање во нафтената рафинерија во…