Кос ја пофали Македонија: Се наоѓате меѓу најдобрите изведувачи, ја поздравувам зголемената посветеност на Владата

t

Во сржта на пристапниот процес секако се наоѓаат реформите и конкретните придобивки за граѓаните, поголеми можости за младите кои ќе придонесат за просперитетна економија, сакаме да ја поздравиме зголемената посветеност на Владата, Македонија ќе добие дополнителни средства од планот за раст и Македонија сега се наоѓа меѓу нјдобрите изведувачи. Реформите се национален интерес, не само работа на Собранието и Владата. Ова денеска го порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.

– Веќе ја гледаме ползата од пристапувањето на ЕУ како доаѓа до граѓаните на Северна Македонија, започнати се преговори за укинување на роамингот, градиме клучни транспортни рути за да се подобри поврзаноста во регионот и во ЕУ и има поголемо учество на ученици во Еразмус + , ЕУ поддржа речиси 40.000 размени поврзани со образование, ја поврзуваме Македонија со вештачката интелигенција со националната платформа „Везилка“, ќе се приклучите и кон сајбер безбедноста во рамките на програмите на ЕУ, истакна Марта Кос.

Кос повторно охрабри Македонија да ги спроведе уставните измени.

Премиерот Мицкоски повтори дека Македонија нема друг пат освен европскиот пат.

Во врска со спроведувањето на реформите, нагласок премиерот даде на измените на Изборниот законик и ги обвини опозициските партии СДСМ и Левица дека се обидуваат да направат естрада.

– Како што кажа и еврокомесарката Кос, 9 од 10 реформи се направени, останува само Изборниот законик, рече Мицкоски и порача опозицијата да се договори и да даде текст, а тој текст ќе биде прифатен од страна на владејачкото мнозинство, но таков текст досега не е пристигнат.

Кос додаде дека грантови Македонија добива само доколку испорача реформи, а овој Изборен законик ја чини државата милиони евра.

– Охрабрени сме во Брисел кога Северна Македонија направи ваков скок на првите позиции во спроведувањето на реформите од планот за раст. Тоа покажа дека Владата може да испорача реформи доколку има полиитчка волја, порача Кос.

Таа нагласи дека денес ќе посети и еден студентски дом за кој ЕУ дала средства за реконструкција, за да провери каде завршиле парите од ЕУ.

На новинарско прашање како да се гради доверба со земја членка на ЕУ која не го признава јазикот на друга држава, Кос одговори дека ЕУ е изградена на доверба.

– Нема рецепт за градење на доверба, јас не можам да ви давам совети за тоа, она што го знам е дека колку повеќе доверба имате, толку полесно ќе напредувате низ пристапниот процес. Пристапниот процес е поврзан и со политичката динамика во земјите членки. Украина е блокирана долго време од Унгарија, иако Унгарија на почетокот даде зелено светло за кандидатски статус, наскоро ќе ги отвориме сите останати поглавја. Можеме да ја изгдариме довербата не само со добри зборови, туку и со добри дела, со избегнување дејства и зборови кои може да зголемуваат тензија, кога ќе се почитува меѓународното право, кога ќе се соработува на заеднички прашања, рече Кос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос ја пофали Македонија: Се наоѓате меѓу…

Во сржта на пристапниот процес секако се…

Кос: Македонија покажа дека може да испорача…

Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската…

Грција масовно ќе ископува бакар за да…

Грција е подготвена да го поддржи амбициозниот…

ЕУ предупредува за дестабилизирачки дејствија на Русија…

Европската Унија соопшти дека ги отфрла дестабилизирачките…

Еуроњуз: ЕК подготвува предлози за реформа на…

Европската комисија подготвува предлози за реформа на…