Објавено на:

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица

t

Главниот косовски преговарал Аргон Бајрами денеска побара од специјалниот претставник на Европска Унија за дијалогот Белград-Приштина, Питер Соренсен, да се обезбеди Србија ги исполни обврските од Декларацијата за исчезнати лица.

– Како главен преговарач на Република Косово, официјално му ја пренесов на специјалниот пратеник за дијалогот, Питер Соренсен, нашата длабока загриженост за најновите случувања поврзани со исчезнатите лица за време на војната 1998-1999 година. Ја замолив Европската Унија да обезбеди Србија целосно да ги спроведе своите обврски од Декларацијата за исчезнати лица, вклучително и неограничен пристап до архивите и заштита на оние кои даваат информации. Семејствата предолго чекаат на вистината, објави Бајрами на платформата Икс.

Во текот на изминатата недела во северно Косово беа пронајдени две масовни гробници. Косовските власти тврдат дека Србија чува доверливи документите на бригадите, за кои се верува дека ако се објават јавно и би помогнале во пронаоѓањето на посмртните останки.

Во 2023 година, тогашниот премиер на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постигнаа договор во рамките на Дијалогот за судбината на исчезнатите лица.

Спогодбата имаше за цел да обезбеди целосен пристап до сигурни и точни информации што ќе помогнат во пронаоѓањето и идентификувањето на исчезнатите, но сè уште не е спроведена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово бара од ЕУ да изврши притисок…

Главниот косовски преговарал Аргон Бајрами денеска побара…

Зошто Украина е загрижена од мостот меѓу…

На рускиот Далечен Исток, надвор од фокусот…

Шпанија: Околу 70.000 мигранти ја напуштиле Сеута,…

Речиси 70.000 мигранти ја напуштиле шпанската енклава…

„Еј-би-си њуз“: Трамп седум пати се закани…

мериканскиот претседател Доналд Трамп најмалку седум пати…

Дел од ракета на „Спејс Икс“ денес…

Дел од ракетата Falcon 9 на SpaceX,…