Објавено на:

Дел од ракета на „Спејс Икс“ денес ќе удри во Месечината, научниците ќе го следат судирот

t

Дел од ракетата Falcon 9 на SpaceX, лансирана во јануари 2025 година за транспорт на двата роботски лендера Blue Ghost и Resilience, денес ќе се судри со Месечината. Горниот степен на ракетата останал во вселената по завршувањето на мисијата и, под влијание на Сонцето и гравитацијата, завршил на траекторија кон Месечината.

Според НАСА, нема никаква опасност за Земјата. Судирот ќе биде искористен за научни набљудувања, а местото подоцна ќе го истражува орбитерот Lunar Reconnaissance Orbiter.

Се очекува објектот тежок околу 4.000 килограми да удри со брзина од околу 2,43 километри во секунда во близина на кратерот Ајнштајн, при што би можел да создаде кратер со пречник од 20 до 30 метри.

Научниците велат дека ваквите судири се ретки, но се сè поважни за проучување поради зголемениот број мисии кон Месечината. Тие предупредуваат дека исфрлените карпи при ударот би можеле да претставуваат ризик за идните астронаути и лунарни бази, па затоа се бараат подобри решенија за управување со вселенскиот отпад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од ракета на „Спејс Икс“ денес…

Дел од ракетата Falcon 9 на SpaceX,…

Уапсена снаа од Кавадарци, се заканувала на…

Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од…

Околу 5.000 затвореници ќе бидат предвремено ослободени…

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс…

(Видео) Од пресушениот Дунав излегоа нацистички бродови…

Екстремната суша и високите температури што ја…

Тошковски: Водата во Гостивар уште не е…

Водата од водоводот во Гостивар сè уште…