Косово ќе произведува воени оклопни возила „Шота“

t

Косовскиот министер за одбрана во технички мандат, Ејуп Маќедонци, изјави дека оклопното воено возило „Шота“, кое е дизајнирано во Албанија, ќе се произведува и во Косово, како дел од регионалната соработка во која е вклучена и Хрватска.

Сето ова ќе се спроведува во рамките на воениот сојуз што Приштина, Загреб и Тирана го потпишаа во март годинава, објавува „Коха“.

Маќедонци изјави дека страните во принцип се согласиле за заеднички развој на оклопното возило, додека во моментов се во фаза на разговори што треба да се заклучат со билатерален договор со Албанија, а потоа да се прошират и во Хрватска. Според него, ова би бил прв пат на Балканот три земји заеднички да произведат воено оклопно возило, наменето за потребите на нивните вооружени сили, но и за извоз.

„Албанија доби ракети „Џавелин“ пред неколку дена, откако го потпиша договорот една година претходно, додека Косово има за цел да обезбеди одредена количина следната година. КБС значително ги зголемија своите воени капацитети, надминувајќи го Сеопфатниот план за транзиција од 2018 година и сега имаат повеќе од 23 видови оружје повеќе од планираното, додека самата набавка започна дури по 2021 година, кога на власт дојде движењето Самоопределување“, рече министерот за одбрана.

Маќедонци додаде дека Косово сега има и системи против беспилотни летала и дека се разгледува понатамошно зголемување на овие капацитети. Тој, исто така, изјави дека конечната набавка за целосната оперативна способност на армијата, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана и флота хеликоптери, се очекува следната година. „Во преговори сме со Пентагон за обезбедување хеликоптери „Блек Хок“, рече Маќедонци

, нагласувајќи дека главни партнери на Косово во областа на воената набавка се САД и Турција, додека соработката е проширена и со Германија, Италија, Велика Британија, Хрватска и Чешка. Тој потсети дека, според планот, КБС треба да има 5.000 активни членови до 2028 година, а дека во моментов ги има 4.460. „Ние сме околу 90 проценти од спроведувањето на овој план. Секоја година има заминувања од КБС. Постојат две причини: пензионирање и заминување на млади луѓе кои често се цел на приватните компании поради знаењето и вештините што ги стекнуваат во Косовските безбедносни сили“, заклучи Маќедонци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово ќе произведува воени оклопни возила „Шота“

Косовскиот министер за одбрана во технички мандат,…

Во недела вондредни парламентарни избори во Косово

Во недела, во Косово ќе се одржат…

„Косово онлајн“: Резултатите од изборите во Косово…

Додека партиите од владејачката коалиција Влен го…

Едномесечен притвор за поранешен министер на Косово…

Основниот суд во Приштина одреди притвор во…

ЕУ ги укинува санкциите за Косово и…

Европската Унија е подготвена да ги укине…