Косовска компанија ќе носи јаглен од Грција за РЕК Битола
ЕСМ во последниот повик за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола, склучи договор за количина од 150.000 тони. За прв пат е склучен договор со ХИБ Петрол Груп ДООЕЛ, кој за околу 7, 3 милиони евра треба да донесе јаглен од рудник од Кожани. Вообичаено досега договорите се склучуваа со Протергија – фирма ќерка на грчки Митилинеос име добро познато во македонската јавност.
„ХИБ Петрол“ е компанија која се занимава со транспорт и продажба на нафтени производи низ целата. Сега има 24 продажни места во 13 градови во Косово, но и една бензинска станица со ресторан во Визбегово. Како сопственик на фирмата-ќерка во Македонија се води Борче Секуловски од скопско Горно Лисиче. Приходите во 2024 во Македонија биле 205 милиони денари.
Ова е втора набавка од тендерот со кој ЕСМ бара 730 илјади тони јаглен за РЕК Битола. Претходно беа набавени 100 илјади тони. Инаку, за двете централи и во Битола и за Осломеј во Кичево се бараа над милион тони. Овие количини практично се набавуваат затоа што не можат да се обезбедат на домашен терен. Македонските рудници одамна во целост не можат да го испорачаат потребниот јаглен.
Со ваквите набавки се зголемува трошокот на компанијата кои потоа може да се пресмета во понудата на новата цена на струја од ЕСМ од која најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи, а која сега изнесува 65 евра за мегават час и е далеку под производната на ЕСМ. Ваквата разлика во цените беше една од точките во извештајот на ревизорите, каде беше нотирано дека ако ЕСМ продолжи да продава струја по дампинг цена државата компанија може да се соочи со колапс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовска компанија ќе носи јаглен од Грција…
ЕСМ во последниот повик за набавка на…
Зеленски: За мене нема „семеен ден“, војната…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека руската…
ОД ЕЛЕКТРИЧАР ГО УНАПРЕДИЛА ВО ДОКТОР НА…
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола…
Хоџа: Нема судири за функции во рамките…
Процесот за избор на нов директор на…
20-годишен возач прегази пешак – ова се…
Синоќа околу 20:55 часот во Дебар, на…