ОД ЕЛЕКТРИЧАР ГО УНАПРЕДИЛА ВО ДОКТОР НА НАУКИ, ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ЗА ПОРАНЕШНАТА ДИРЕКТОРКА НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

t

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола поднела кривична пријава против Е.И. (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, информира Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование“, посочуваат од Министерството.

Како што наведуваат од МВР, на тој начин, пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата.

На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ислам Абази нема повторно да се кандидира…

На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф…

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Нема место за јавнообвинителско постапување во набавката…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

Дилери нападнале полицајци во Тетово

На 19.08.2026 во Тетово, полициски службеници од…