Објавено на:

Косовски државјанин возел 203 км на час на место каде дозволената брзина е 120 км на час!

t

Лишен од слобода косовски државјанин, управувал возило со 203 км на час на место каде дозволената брзина е 120 км на час, поднесена му е кривична пријава, соопшти МВР.

На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски државјанин возел 203 км на час…

Лишен од слобода косовски државјанин, управувал возило…

ДС ги осудува вчерашните протести на студентите…

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести…

Косово почна со изградба на фабрика за…

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци,…

Марта Кос во петок во посета на…

Европската комесарка за проширување Марта Кос ќе…

Косово оди на нови избори

Седницата на косовското Собрание за избор на…