Коце Трајановски се сретна со новата амбасадорка на Кина, се разговараше за автопатот Кичево – Охрид
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Кина, Џијанг Сјаојан, на која меѓудругото се разговарало и за автопатот Кичево – Охрид кој е финансиран од кинеската Ексим банка, а изведувач е кинескиот Синохидро.
„На средбата беше изразено заедничко задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји, како и очекување дека новата амбасадорка ќе придонесе за понатамошно продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката во областа на економијата, инфраструктурата и инвестициите.
Во таа насока беше истакнато дека ЈПДП веќе има воспоставена успешна соработка со Народна Република Кина преку кинеската компанија „Синохидро“, која е изведувач на автопатот Кичево–Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата“,објави ЈПДП.
Директорот Трајановски во својата изјава нагласи дека соработката со кинеските институции и компании веќе дава конкретни резултати:
„ЈПДП веќе има една успешна соработка со Ексим Банката на Народна Република Кина, со чија финансиска поддршка преку кредит беа обезбедени средства за изградба на автопатот Миладиновци–Штип, како и за реализација на автопатот Кичево–Охрид, чија изградба на овие капитални инфраструктурни проекти е доверена на кинеска градежна компанија ‘Синохидро’, која работеше и на изградба и на Градско-Дреново, односно на делот од експресниот пат Фариш-Дреново, како и на изградбата на експресниот пат Штип-Кочани, односно Крупиште-Кочани. Сето ова претставува цврста основа за понатамошно унапредување и проширување на соработката меѓу двете земји“, изјави Трајановски.
Директорот Трајановски и амбасадорката Сјаојан констатирале дека соработката во инфраструктурата и инвестициите ќе продолжи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коце Трајановски се сретна со новата амбасадорка…
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта…
„Господ нè сочува“ – потпорен ѕид се…
„Синот беше тука кога падна ѕидот, и…
Адвокатката Јошевска – Атанасовска и професорката Кадри…
Адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска и професорката…
Двајца млади мажи пронајдени мртви во викендичка…
Гостиварската полиција објави дека се најдени две…
Вардар се излеа на кејот во Велес,…
Обилните врнежи од дожд во изминатите денови…