Кошта: Со Македонија имаме одобрена рамка од 2022 година и тоа мора да се испочитува, ништо повеќе, ништо помалку

t

Не зависи од мене да носам одлуки во име на Северна Македонија. Кога станува збор за процесот, имаме одобрена рамка и тоа е она што треба да се испочитува за да може да се придвижиме кон пристапниот процес, ништо повеќе и ништо помалку од тоа, рече претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта од владиниот прес центар.

„Не можеме да шпекулираме. Она што можам да го кажам за сите земји-членки е дека пристапниот процес е процес кој што се заснова на заслуги и тоа се дефинира со општи критериурими. Така наречените Копенхашки критериуми и тие точно ја наведуваат одлуката за преговарање со секоја земја членка. Советот во 2022 година веќе ја одобри рамката за преговарање со Северна Македонија и тоа е рамката“, рече Кошта.

Тој вели дека тоа што е договорено е договорено и мора да се испорача, зборувајќи за таканаречениот француски предлог кој стана преговарачка рамка.

„После тоа се работи за нормалниот процес на проширување. Да се отворат и затворат поглавја и кластери, а тоа е процес кој се заснова на заслуги и е процес кој го прават и другите земји кандидати. Досега веќе ги имаме отворено сите кластери. Со Албанија, вчера Комисијата предложи да се затворат првите три поглавја. Веќе и одобривме на работната група да започне со процесот на пристапување со Црна Гора. Но за формално да се отвори процесот на пристапни преговори со Северна Македонија, она што нам ни е потребно е да се испорача она што беше договорено во 2022 година и ништо повеќе од тоа.

Претседателот на Европскиот Совет вели дека

„Природно, ќе дискутираме за предлогот на канцеларот Мерц. Од она што го разбрав е дека тој верува дека со шесте земји од Западен Балкан, процесот на пристапување е полесен во споредба со Украина и се обидуваат да осмислат посебен статут за Украина за да се надмине овој момент и потоа Украина формално да пристапи. Не сум сигурен дека треба да имаме посебен статут со Украина бидејќи досега добро испорачуваат и не треба нешто ново да смислуваме, но не можам да ги предвидам заклучоците на Советот пред тој воопшто да дискутира. За среќа, Западен Балкан има различна позиција. Тие не се во војна и се во подобра позиција од Украина. Сметам дека не треба да се смислуваат нови решенија за Западен Балкан, затоа што не мора да смислуваме јаз за процесот на преговори и целосното членство во ЕУ“, посочи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кошта: Со Македонија имаме одобрена рамка од…

Не зависи од мене да носам одлуки…

Силјановска: Нашиот пат кон ЕУ е многу…

Во рамките на официјалната посета на Република…

Кошта пристигна во Скопје, Муцунски го пречека…

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево…

Владата го усвои предлог законот за заштита…

Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита…

Разговори за реконструкција на Владата во втората…

Во втората половина на јуни ќе седнеме…