Силјановска: Нашиот пат кон ЕУ е многу долг со бројни ирационални пречки
Во рамките на официјалната посета на Република Словачка, денес во Братислава одржаа заедничка прес-конференција претседателката, Гордана Силјановска-Давкова, и словачкиот претседател, Петер Пелегрини.
Претседателката на Република Македонија рече дека заедно со нејзиниот словачки колега, споделиле мислења и за нашиот, како што рече, многу долг пат кон Брисел, кој понекогаш го нарекувам маратон или чекање на господинот Годо.
„Зошто го велам ова? Тоа е долг пат со бројни ирационални пречки од идентитетска природа што се спротивставуваат на суштината на природата на ЕУ.“
Ја поздравувам словачката позиција дека прашањата за идентитетот и културата не треба да бидат предмет на политичко условување и преговори. Верувам дека почитувањето на културниот интегритет на секој народ е суштината на европската идеја.
„Особено го цениме посветениот став на Словачка, но и на неколку други земји кои бараат можно рационално решение за интеграција на Западен Балкан во европските структури, за земјите кои со години се во кандидатски статус да не бидат оставени настрана, да не бидат на периферијата на периферијата, односно да можат да бидат слушнати. Ова е нешто што е веродостојно и ова е нешто што не обврзува“, рече Силјановска од Братислава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бланар: Словачка е против какви било двојни…
-Ние не можеме да прифатиме дека во…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…