„Кој ги уби нашите деца?“ – праша Игор Џамбазов и ја рецитираше „Крвава бајка“ на „Бубамара“ во чест на загинатите во Пулс

t

Македонската шоу бизнис легенда Игор Џамбазов синоќа, на 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“ ја емотивен начин ја допре публиката оддавајќи им почит на младите луѓе кои загинаа во пожарот во Кочани. Тој ја рецитираше поемата „Крвава бајка“ од српската поетеса Десанка Максимовиќ, пренесе Слободен печат.

„Беше тоа во некоја земја на селани, на брдовитиот Балкан, умреа со маченичка смрт цела чета ученици за еден ден. Истата година сите беа родени, исто им минуваа училишните денови, на истите свечености заедно беа водени, од истите болести сите беа вакцинирани, и сите умреа во ист ден“.

Овие стихови се напишани за масакрот во Крагуевац во Втората светска војна, кога нацистите стрелале илјадници ученици и жители на српскиот град. Потоа, со солзи во очите и грутка во грлото, Џамбазов продолжи:

„16 март 2025 година, 2:35 часот наутро. Најсмртоносниот пожар во историјата на Македонија. 64 жртви, над 200 тешко повредени, некои со трајни последици. И бол… и бес.Кој ги уби децата од Кочани? Фашисти, како што ги убија децата во Ваташа и во Крагуевац? Не. Ги убија наши. Наши, неодговорни луѓе. Луѓе – нелуѓе. Тоа е новиот фашизам во светот. Новиот фашизам нахранет со алчност, корупција и незнаење. Новиот фашизам… новиот лик на светот кој никому не му се допаѓа“.

На видеобимот за време на неговата изјава беше испишан насловот „Македонска крвава бајка“. Џамбазов потсети и на историскиот споменик во Крагуевац, каде наставникот со градите застана да ги заштити учениците и изговори: „Пукајте, јас и сега држам час“.

„Како кај нас не се најде некој да го каже тоа, да ги заштитеше овие деца?“ праша Џамбазов, нарекувајќи ја ова можеби најтажната церемонија на „Златна Бубамара на популарноста“.

Во текот на настанот се потсетуваше и на познатите личности кои починале во изминатата година, а беа прикажани и фотографии од сите загинати членови на групата „ДНК“, како и дел од тимот на „Златна Бубамара“, вклучувајќи го и тонецот Игор Велков.

„Сара десет години на оваа сцена ми го чуваше грбот. Никогаш нема да ја заборавам“, рече Џамбазов за професорката по пијано и придружен вокал Сара Пројковска.

Солзи и громогласни овации одекнуваа низ салата, додека присутните ги подголтнуваа солзите за овој немил настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кој ги уби нашите деца?“ – праша…

Македонската шоу бизнис легенда Игор Џамбазов синоќа,…

Ана Костадиновска: Уште одам по психијатри после…

Професорката Ана Костадиновска, која беше придружен вокал…

Газдата на „Пулс“ бара да го пренесат…

Одбраната на Дејан Јованов-Деко, газдата на „Пулс“,…

Се одложува утрешното рочиште за Пулс

Заради интерес на медиумите и невладините организации…

Братот на газда Деко од затвор врши…

Со сослушување сведоци и законски застапници на…